Актуелно

Од ВМРО ДПМНЕ не откриваат какви конкретни дејствувања планираат

Од партијата демантираат дека се подготвува смена на лидерот Никола Груевски. Велат дека ќе дејствуваат согласно Уставот, законите и државните интереси, но не кажуваат дали тоа ќе го прават преку институциите или од улица.

Во периодот што следува ВМРО ДПМНЕ ќе дејствува како одговорна партија и со сите демократски средства во согласност со Уставот, законите и највисоките државни и национални интереси, соопштуваат од партијата. Дали тоа значи дејствување во институциите или надвор од нив, не прецизираат.

На прашање дали ги поддржуваат протестите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, одговараат дека граѓаните имаат легитимно и демократско право да се организираат и да протестираат против политики кои сметаат дека се штетни за иднината на државата.

Advertisements
To Top