Од утре нови олабавувања на анти-ковид мерките – основците на часови без маски, на терасите од кафулињата без сертификати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После две недели од давањето препорака од страна на Комисијата за заразни болести за нивно воведуавње, од Владата ги усвоија новите олабавувања на анти-ковид мерките според кои основците нема да мораат да седат со маски на часови, а се укинуваат и задолжителните сертификати на терасите од кафулињата.

Долготрајноста на владините процедури периодов и тоа што одамна експертите ги изнесоа предлозите предизвика забуна кај граѓаните, особено кај родителите. Дел од нив на социјалните мрежи тврдат дека нивните деца и досега оделе на училиште без маски.

Во меѓувреме, лекарите сметаат дека не треба да се одолговлекува со носењето на конечни одлуки. Политичарите треба да бидат свесни дека членовите на Комисијата за заразни болести се оние кои знаат во даден момент како точно треба да се постапи, вели Д-р Илчо Ефкоски.

Во меѓувреме, кривата на заразени е во слободен пад, а картата на градови која ја означува инциденцата, односно бројот на нови случаи по единица време, веќе одамна не е црвена. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје последната недела за разлика од претходната повеќе се тестирало, а сепак процентот на заразени е намален за 7,5 отсто и регистрирани се без малку 1700 нови случаи. Намалување се бележи речиси во целосната статистика, вклучувајќи ги и хоспитализациите каде се регистрираат само 84 пациенти што е 24% споредено со претходната седмица. Единствено зголемување има кај смртните случаи – за седум дена 17 лица починати, што е за 13 проценти повеќе од неделата пред изминатава.

Инаку, за крај на мерките во последниот период се одлучуваат голем број на земји, дури и кај оние каде кривата на заболени расте. Последна во низата земји кои најавија отпуштање на заштитниот ковид обрач е Грција чии власти имаат план до Велигден да ги олабават, а до лето да ги укинат мерките