Home Спорт Од понеделник таа ќе биде број еден во светскиот женски тенис

Од понеделник таа ќе биде број еден во светскиот женски тенис

Чешката тенисерка Каролина Пчишкова од понеделник ќе биде број 1 на ВТА листата. Плишкова во второто коло загуби од Магдалена Робарикова.

Плишкова, иако настапот на Вимблдон го заврши во второто коло, ќе биде прва на ВТА лисата бидејќи Романката Симона Халеп не успеа да стигне до полуфиналето. Тенисерката од Чешка ќе биде 23-та која се искачила на врвот на ВТА листата во опен ерата.

Халеп во три сета го загуби четвртфиналниот меч од Џоана Конта.

Плишкова е првата тенисерка од Чешка откако во 1975 година е воведено компјутерското бодување. Мартина Навратилова е родена во Чешка, но таа број 1 стана во 1978 година кога ги бранеше боите на САД. Плишкова игра исклучително добро сезонава, таа од почетокот на годината има освоено четири титули.

Чехињата е шестата тенисерка која ќе биде број 1 иако во кариерата нема освоено гренд слем титулата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…