Home Актуелно Од полноќ нови цени на горивата: Еве што поскапува, што поевтинува

Од полноќ нови цени на горивата: Еве што поскапува, што поевтинува

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика на неделно ниво, од вечер на полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата.

Цената на „еуросуперот“ од полноќ се зголемува за 0,50 денари, а на дизелот се намалува за исто толку.

Малопродажните цени на „еуросупер 95“ од полноќ ќе изнесува 69 денари за литар, додека пак на „еуросупер 98“, се зголемува на 71 денар за литар.

Цените на „еуродизелот“ се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 61 денар за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава за цена пониска за 0,50 денари за литар и таа ќе изнесува 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110 денар за килограм и ќе изнесува 34,739 денари за килограм.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…