Од полноќ горивата се продаваат по пониски цени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според вчерашната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика, од минатата ноќ, на полноќ, на сила стапија новите, пониски продажни цени на горивата.

Од полноќ цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалени по половина денар, па еден литар од овие горива ќе чини 58.00, односно 60.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото е намалено за еден денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 49.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ.