Од отворањето на угостителските објекти изречена 21 кривична пријава за сопственици каде не се почитуваат протоколите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од отворањето на угостителските објекти во Македонија, после периодот на неработење заради епидемијата на коронавирусот, до денес Пазарниот инспекторат изрекол 21 кривична пријава, а уште 5 се во постапка. 41 угостителски објект добил прекршочна пријава.

Санкциите се поради непочитување на протоколот за работа во угостителскиот сектор. Постои простор дел од правилата за работа препишани од Комисијата за заразни болести да се олабават, но сè зависи од тоа како ќе се одвива состојбата со нови заразени или оздравени лица од коронавирусот.

„Не сакаме после два и пол месечно затворени угостителски објекти повторно да посегнуваме кон мерката за затворање кон оние што нема воопшто да ги почитуваат протоколите“, рече Стојко Пауновски, Директор на Пазарен инспекторат.

Аласт дознава дека по големиот број на реакции за идентификација на гостите во угостителските објекти од страна на персоналот, тоа правило ќе се менува. Проблемите со кои угостителите се соочуваат на терен велат дека се обврската, терасата од локалот да биде отворена од три страни и бројот на гости кои може да седат на една маса.

Најголемиот дел од угостителските објекти имаат тераса која е отворена само од две страни и не ги исполнуваат критериумите. А, досега огромен број гости вратиле бидејќи граѓаните не се согласувале да седат само двајца на една маса, четворица може само ако се од најтесното семејство.