Home Актуелно Од ноќеска на полноќ поскапуваат бензините

Од ноќеска на полноќ поскапуваат бензините

Со новите цени за горивата кои ги одреди Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ на сила стапуваат повисоки цени на бензините.

„Еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ по цена од 69 денари за литар.

Зголемувањето на цената на бензините се должи на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…