Од ДПМНЕ бараат опозицијата да го предлага новиот Јавен обвинител


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во пресрет на разрешување на актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски, опозициската ВМРО ДПМНЕ бара тие да го предложат наследникот на републичкиот јавен обвинител.

Пратеникот Илија Димовски побара наместо како досегашната пракса со просто мнозинство, јавниот обвинител да биде избран со двотретинско мнозинство. Предлогот за разрешување на Зврлевски од 30 точка на дневниот ред е поместена како 5 точка. Собранието ги одби предлозите на опозицијата за измени по брза постапка.