Обвинителката Калаици за здружението „Центар за македонски јазик во Грциј“: „Овде некој се обидува да создаде македонско малцинство“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По регистрацијата на здружението „Центар за македонски јазик во Грција“ од страна на Основниот суд во Лерин, кое беше регистрирано на 27. јули 2022 година, Окружниот суд за 2. февруари закажа рочиште во врска со овој случај. Окружната обвинителка Анастасија Калаици смета дека со регистрацијата на едно вакво здружение, чија цел е „зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција“ и „воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во јавните училишта и универзитети во Грција“, се прекршува Договорот од Преспа и е обид за создавање малцинство, пишува Катимерини.

Според обвинителката, пишува грчкиот весник, македонскиот јазик е признат само како „јазик на граѓаните на Република Северна Македонија. Дефиницијата на јазикот ‘македонски’, споменат во Договорот од Преспа, има само описна сличност со географскиот регион Македонија, кој е единствен и составен дел на Република Грција и на никаков начин не е поврзан со него, како словенечки јазичен идиом, кој, според некои, се зборувал во географските граници на македонскиот регион на Република Грција… Во Грција нема ‘македонски’ граѓани кои го зборуваат овој јазик, туку грчки државјани кои зборуваат грчки јазик. Очигледно е дека целите на регистрираното здружение воопшто не се јасни. Се создава погрешна слика и впечаток дека регистрираното здружение можеби сака да промовира друг јазичен идиом, што се вика македонски јазик, кој не постои во Грција…“. Ова е обид да се создаде малцинство во Грција, пишува грчката обвинителка во своето образложение за покренатата тужба.

Во Лерин пред Нова Година се одржаа и демонстрации на неофашистичката партија во Грција Златна зора во Лерин кои бараат укинување на една таква организација.

За денеска во Атина закажана е средба во Атина на македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.

Во официјалното соопштение за оваа средба пишува дека главни теми на разговорите во Атина ќе бидат македонските евроинтеграции, Западен Балкан, политика на проширување на ЕУ, енергетиката, војната во Украина и отворање нови можности за соработка.

Маричиќ ќе учествува како главен говорник на тркалезна маса организирана од Програмата за Југоисточна Европа на Грчката фондација за европска и надворешна политика, ЕЛИАМЕП.

Претсавниците на македонското малцинство во Грција очекуваат Маричиќ да го отвори и прашањето со регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин.