Денес во Скопје доаѓа митрополитот Антониј – втор човек во Руската православна црква


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, денеска доаѓа во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Како што објавија дел од македонските и бугарските медиуми, миторполитот Антониј ќе има средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан.

Од кабинетот на архиепископот Стефан досега нема официјална информација за доаѓањето на митрополитот Антониј. Нема најава ниту на сајтот на Руската Правослан Црква (РПЦ), ниту, пак, за тоа што е целта на посетата, која се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Бугарски „Фактор.бг”, повикувајќи се на црковни извори, посочува дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.

Бугарските меидуми потсетуваат и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна” средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на Бугарската Православна Црква (БПЦ) одлучи да го признае томосот на Српската Православна Црква (СПЦ) за автокефалноста на МПЦ-ОА.