Home Актуелно Облачна, врнежлива и посвежа среда

Облачна, врнежлива и посвежа среда

Денеска, среда, 29. септември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во југоисточните и западните делови, врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2 за 12 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 22 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 21, Битола 19, Крива Паланка 18, Берово 16, Кавадарци 20, Дојран 19.

Под влијание на влажна и посвежа воздушна маса, до петок претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа). Дневната температура значително ќе се намали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…