Home Актуелно Облачен последен февруарски петок

Облачен последен февруарски петок

Последниот петок од февруари во Македонија носи генерално облачно време, со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два степени, а дневната температура од еден до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 11 степени. Во Маврово 9, Охрид, Крива Паланка и Берово 7, Битола 11, Кавадарци 13, Дојран 15.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локлна облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од6 до 14 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…