Home Актуелно Облачен петок

Облачен петок

Споредено со четврток, петок нема да донесе промена на метеоролошката состојба низ земјава. Останува воглаво облачно, претежно со слаб ветер, освен во југозападниот крај, каде повремено ќе дува умерен источен ветер. Можно е на крајните јужни делови од земјава да пропрска сосема слаб дожд.

Наутро минималната температура ќе има вредности помеѓу 0 и 4 степени, додека на повисоките места таа ќе има вредности помеѓу минус 4 и 0 Целзиусови.
Максималната температура ќе има вредности во границите помеѓу 5 и 9 Целзиусови низ поголемите населени места во земјава.

Скопскиот крај очекува претежно облачно време, со услови повремени, краткотрајни  сончеви периоди. Минималната температура ќе има вредност околу 2 степени, додека максималната температура нема да надмине 8 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…