Облачен и студен прв мартовски ден со повремени врнежи од снег


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот мартовски ден за оваа година во Македонија носи променливо облачно и студено време, претежно во западните и јужните делови со повремени врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од -4 до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 5 степени, Маврово -4, Охрид 0, Битола 1, Крива Паланка 2, Берово 1, Кавадарци и Дојран 5.

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од -2 до 9 степени.