Home Актуелно Облачен и дождлив вторник

Облачен и дождлив вторник

Времето во Македонија овој вторник, 12 ноември, ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови.

Ќе има појава и на повремен засилен југоисточен ветер (со брзина и над 60 км/час), особено изразен вдолж Повардарието, како и на повисоките места и на планините.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид и Битола 15, Кавадарци и Крива Паланка 19, Берово 16, Дојран 18.

И утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови. Дневните температури ќе бидат во Скопје 18, Маврово 10, Охрид, Кавадарци, Битола и Дојран 17, Крива Паланка 13, Берово 12.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…