Home Актуелно Облачен четврток со дождливи периоди

Облачен четврток со дождливи периоди

Времето во Македонија денеска, четврток, 13. октомври, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Попладне и во текот на ноќта кон петок врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни (локално над 30 л/м2).

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, сневната температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени. Маврово 11, Охрид 17, Битола 16, Крива Паланка 17, Берово 15, Кавадарци 19, Дојран 20.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец и дневни температири од 10 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со дневна температура до 16 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…