Home Актуелно Објавен список со новите лектири за основно образование

Објавен список со новите лектири за основно образование

Списокот со нови задолжителни и изборни лектири за учениците од второ до деветто одделение се воведува од наредната учебна година.

Минатата година беше објавен јавен повик за ревидирање на списокот за лектири. Во изборот учествуваа наставници,родители, издавачки куќи, Друштвото на писатели на Македонија и професори од катедрите за книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и од Институтот за македонска литература. До Бирото за развој на образованието стигнаа многу предлози, а деновиве конечно е објавен новиот список. Меѓу новите наслови кои се на списокот се „Кифличката Мирна“ од Оливера Ќорвезироска, „Легенди за Марфи Компирката“ од Овен Колфер, „Скокни – прескокни“ од Васил Мукаетов…, а за девето одделение како задолжителна лектира вратена е и светската класика „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери.

Списокот на лектири е сменет и дополнет и за наставата на албански, турски и српски јазик.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…