Актуелно

Објаснување од Владата: Премиерот Заев немаше директна индивидуална средба со Трамп

По реакциите во јавноста и видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, на брифинг, од Секторот за односи со јавност на Владата одговорија дека немало директна тет а тет средба на премиерот Зоран Заев со американскиот претседател Доналд Трамп, посочија на утринскиот брифинг со новинарите од Секторот за односи со јавност на Владата .

Средбата, како што посочија, всушност е состанок организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

На брифингот беше посочено дека станува збор за несреќна формулација, која била споделена на фејсбук страницата на премиерот Зоран Заев. Премиерот Заев беше во Њујорк за Генералното Собрание на ОН, придружуван од министрите за надворешни работи и за дијаспора, Никола Димитров и Едмонд Адеми.

Од владината прес служба до медиумите претходно беше лиферувано соопштение за средбата.

To Top