Обилните врнежи и студените бранови лошо влијаат врз родот на овошките, зеленчукот и сточарството


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Обилните врнежи и студеното време под чие влијание сме овој период кога треба да имаме топли и поволни услови негативно влијаат на родот на овошките и на зеленчукот, а по промените на вегетацијата пчеларите годинава очекуваат минимални количини мед.

Лошите временски услови се одразуваат и на сточарството. Цените на млекото и млечните производи во маркетите веќе се во пораст.

Ваквите климатски промени ќе се одразат и на лозарите кои велат дека годинава нема да скинат ниту еден квалитетен грозд.

Штетите ќе бидат неизбежни, велат земјоделците. Климатските промени доведуваат до долгорочни влијанија врз земјоделството и Mакедонија ќе мора да се адаптираат на овие промени.

До 2050 година просечната температура во Македонија просечно ќе се зголеми за 1,9 степени, а во летните месеци за 2,5 степени, а количината на врнежи годишно ќе се намали за пет отсто, а во летните месеци и до 17 отсто. Ова подразбира дека сточарите и земјоделците ќе мора да го прилагодуваат своето производство на овие предвидувања.