Обамејанг: Ќе направам се за Арсенал да се врати на врвот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најскапата аквизиција во историјата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг не можеше да го сокрие задоволството од трансферот.

Африканскиот напаѓач ја напушти Борусија Дортмунд и во првото интервју истакна дека е пресреќен што е дел од Арсенал и ќе го даде најдоброто од себе, за тимот да се врати на врвот.

„Конечно! Многу сум среќен што доаѓам во Арсенал. Се разбира и што повторно ќе играм со Мики. Среќен сум што сум дел од вака голем клуб“, изјави Обамејанг.

„Клубот има голема историја и големи играчи како Тиери Анри. Тој е пример за сите нас напаѓачите. Јас сум брз и постигнувам голови како него, но ќе треба да работам уште многу. Јас ќе го дадам најдоброто од себе си, се надевам дека Арсенал што е можно побрзо ќе се врати на врвот“, изјави напаѓачот за официјалниот канал на „топџиите“.