Обајвен првиот официјален тизер-трејлер за Star Wars: The Last Jedi


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот дел од Star Wars сагата – The Last Jedi (Последниот џедај) го доби и својот прв тизер-трејлер кој беше објавен на 40-годишнината од Star Wars одржана во Орландо, Флорида.

Во кратките исечоци од филмот The Last Jedi, можеме да го видиме патувањето на Реј кој го пронаоѓа своето место на овој свет и открива детали од своот однос со Лук, секако, борејќи се цело време помеѓу доброто и злото.

Епизодата VIII, The Last Jedi, ја режираше Рајан Џонсон и таа е продолжение од епизодата VII, The Force Awakens, која беше објавена во 2015 година.

Премиерата на филмот е закажана за 15 декември, 2017 година.