Ново рочиште за „Титаник 3“: Обвинителот Лапе со сомнение за извршен притисок и закана врз сведокот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес заполна судењетро за предметот на СЈО, „Титаник3“, каде предмет на обвинение се обвинетите Ејуп Аљими и Исмет Гури, кои како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“.

На денешното рочиште сведочи Тулај Красниќи која вели дека на денот на гласањето замнала поради болест на нејзиното дете од избирачкото место, но во 19 часот се вратила и заедно со член на комисијата ги однела изборните материјали во општина Чаир.

Поради исказ на сведокот дека на повеќе работи не се сеќава со оглед на тоа дека се се случило пред пет години, обивнителот Лапе истакна сомнеж дека врз сведокот се врши притисок или некој му се заканува.

Судскиот совет одлучи да не се чита исказот со образложение дека сведокот кажала дека е под закана од Исмет Гури.

Судењето продолжува со испрашување на уште четворица сведоци.