Home Наука и техонологија Новиот изглед на Фејсбук достапен за сите негови корисници

Новиот изглед на Фејсбук достапен за сите негови корисници

Од неодамна Фејсбук го направи нивниот нов дизајн достапен за сите корисници ширум целиот свет.

Некои можеле да ја активираат оваа опција уште во март со едноставно кликнување на известувањето што го добиле, но доколку не сте добиле известување или сте пропуштиле да ја активирате, можете да стигнете до новиот изглед на Фејсбук доста лесно.

Неопходно е да кликнете на стрелката што покажува надолу, што се наоѓа во менито од горниот десен агол.

Потоа, ќе се отвори ново мени и една од опциите ќе биде „Префрли на нов Фејсбук“ што треба да ја изберете. Таму ќе имате и опција да изберете режим на светлина.

Ако не ви се допаѓа новиот изглед на Фејсбук, можете исто толку лесно да се вратите на стариот. Само кликнете на споменатата стрелка и од менито изберете ја опцијата “Префрли на класичен Фејсбук”.

Фејсбук соопшти дека новиот дизајн е создаден за да им овозможи на корисниците да го најдат тоа што го бараа побрзо. Исто така, дизајнот е адаптиран за полесен пристап и објавување во групите на Фејсбук, така што сега веќе не треба да го оставате вашиот „newsfeed“ за да објавите нешто во група на Facebook.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…