Home Актуелно Новинарот кој ги објави снимките од „Рекет“: „Фејсбук профилот ми е хакиран!“

Новинарот кој ги објави снимките од „Рекет“: „Фејсбук профилот ми е хакиран!“

Новинарот Ларис Гајзер од италијанскиот десничарски ориентиран весник „Ла Верита“, кој ги објави компромитирачките снимки со Бојан Јовановски, Зоран Милески и Орце Камчев, дел од аферата и случај „Рекет“, на Фејсбук објави статус со кој ги известува неговите пријатели и следбеници дека неговиот профил на таа социјална мрежа е хакиран.

Од официјалниот профил кој тој го користеше досега, напиша статус предупредувајќи ги пријателите на социјалната мрежа.

„Ако ја читате оваа порака: Мојот профил беше хакиран. Ниту еден друг профил не е мој. Тоа е замка. Ве молам не контактирајте никој друг профил со името Ларис Гејзер“, пишува во последната објава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…