Home Актуелно Нови дојави за подметнати бомби во 14 училишта во Скопје

Нови дојави за подметнати бомби во 14 училишта во Скопје

И денеска скопските образовни институции ги дочекаа серија нови дојави за подметнати бомби.

Пријави за поставени бомби стасаа и денес во неколку училишта во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека се преземени мерки за евакуација се прават антитерористички проверки. Се работи за бројка од 14 училишта.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите”, велат од МВР.

Дојави за поставени експлозивни направи имаше и вчера. Се работеше за бројка од 86 училишта во Скопје, една градинка, едно училиште во Прилеп и Заводот за рехабилитација во Скопје.

Заканите за бомби станаа секојдневие, а до сега сите беа лажни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…