Нови детали: Проговори пожарникарот кој се обиде да и го спаси животот на принцезата Дајана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изминаа 20 години од трагичната смрт на принцезата Дајана во сообраќајна незгода во Париз. Во своето прво интервју тогаш, пожарникарот, кој се обидел да го спаси животот на принцезата, откри непознати детали во врска со нејзината несреќа.

Ксавијер Гурмелон, кој 22 години работел во пожарникарната служба, реши да зборува за смртта на принцезата Дајана за британски „The Sun“, затоа што, како што вели сега е во пензија.

Тој се присетува дека на неговиот тим им биле потребни три минути до тунелот „Pont de l’Alma“, каде се случила несреќата. Неговиот десетчлен тим излегол на терен и се фрлил одма на работа, за брзо да утврдат кому му е потребна помош и кој е се уште жив.

Не знаеле дека во колата се наоѓа принцезата Дајана.

Како што се присетува Гурмелон, кога пристигнал до мерцедесот, жената во колата прашала: „О. Боже што се случи?“

Не нејзиното десно рамо забележал мала повреда. Освен тоа, како што вели крв немало воопшто.

„Жената за која подоцна дознав дека била принцезата Дајана, беше на подот одзади. Се мрдаше многу бабно и можев да видам дека е жива“, вели пожарникарот.

Тој додаде дека принцезата ја држел за рака откако ја смирил и и дал кислород. Потоа ја изнел од скршениот автомобил и тогаш таа престанала да дише. Се обидел да и пружи реанимација

„И го масирав срцето и по неколку секунди таа почна повторно да дише“, вели Гурмелон.

За него, во тој момент, ова било големо олеснување, бидејќи, како што вели, неговата работа е да спасува туѓи животи.

„Искрено мислев дека ќе преживее. Колку што знаев, беше во болница, беше жива и јас очекував дека ќе преживее. Меѓутоа, подоцна дознав дека починала во болницата“, вели пожарникарот.

Во моментот кога принцезата Дајана била сместена во амбулантното возило, на Гурмелон еден од болничарите му открил за кого се работи.

„Целата таа епизода се уште постојано ми е во мислите. Сеќавањето на таа ноќ, засекогаш ќе остане во мене“, истакна Ксавијер Гурмелон во своето прво интервју по смртта на принцезата Дајана.

Ова е првпат да зборува за медиумите, бидејќи, по службена должност не му било да дозволено да зборува за тоа.