Новата методологија на одредување на цените ќе ги поевтини горивата од понеделник


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Заклучно со оваа недела, завршува слободното формирање на цените на горивата од страна на трговците со истите.

Од понеделник ќе стапи на сила нова методологија. Од регулаторната комисија велат дека на трговците ќе им бидат признаени помали трошци и маржи – што треба да повлече поевтинување.

Сепак – остануваат на сила два фактори за формирање на цената – курсниот сооднос денар-долар и цената на нафтата на светските берзи. Сега цената ќе се формира секој понеделник.