Home Спорт Нова тешка поведа во НБА: Заврши сезоната за ѕвездата на Њујорк

Нова тешка поведа во НБА: Заврши сезоната за ѕвездата на Њујорк

Првата ѕвезда на Њујорк Никс, Кристапс Порзингис доживеа тешка повреда на коленото поради која ќе мора да паузира 6 до 9 месеци.

Порзингис се повреди тешко при поразот од Милвоки со 89: 103 во „Медисон Сквер Гарден“, а по прегледот на магнетна резонанца беше објавено дека Латвиското крило има скинати лигаменти на левото колено.

Порзингис сезонава игра во фантастична форма и има скор од 22,9 поени и 2,4 блокади по натпревар, па ова сигурно ќе биде тежок удар за Никси.

Закрепнувањето од таквите повреди варира помеѓу 6 и 9 месеци, што значи дека крилото ќе го пропушти и остатокот од оваа сезона и почетокот на следната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…