Нов земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Турција утрово – бројот на загинати во вчерашните потреси е надмина 4.300


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нов земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција утрово, пренесува Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри.

Се случи еден ден по двата разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија рано утрото и доцна попладнето, при што загинаа повеќе од 4.300 луѓе.

По овие земјотреси следеа серија послаби земјотреси.

Турската агенција за спасување објави дека бројот на загинатите во вчерашните земјотреси се искачил на 2.921.

Јунус Сезер, првиот човек на агенцијата АФАД, изјави дека се повредени 15.384, а урнати се 6.217 објекти.

По двата силни земјотреси следувале 243 послаби при смирувањето на тлото, посочи тој и додаде дека во погодените подрачја работат над 16.400 спасувачи.

Во Сирија најмалку 1.444 лица загинале, а 3.500 се повредени во вчерашниот земјотрес, покажуваат податоците на владата во Дамаск и на бунтовничките групи.