Home Спорт Нов удар за Јуве: Ги загуби Дани Алвеш и Бонучи!

Нов удар за Јуве: Ги загуби Дани Алвеш и Бонучи!

Јувентус викендов доживеа изненадувачки и болен пораз на гостувањето кај Џенова (3:1), но резултатот не беше единствена лоша вест за „бјанконерите“.

Имено, на овој натпревар повреди заработија Дани Алвеш и Бонучи кои се приклучија на „болницата“ во тимот на Алегри.

Поранешниот дефанзивец на Барселона беше изнесен на носилки на 14 минути до крајот на мечот, а подоцна беше констатирано дека има скршеница на метаторзалната коска на стапалото, па ќе мора да паузира најмалку 3 месеци.

Што се однесува до Бонучи тој го повреди бутниот мускул, а „бјанконерите“ се надеваат дека ќе може да се врати на терените на 23-ти декември за Суперкупот на Италија против Милан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…