Актуелно

Нов силен земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтер ја разниша Јапонија

Земјотрес со јачина од 7,3 степени вчера вечер го разниша јапонскиот остров Хоншу, по што во префектурата Фукушима беше дадена тревога за цунами, јавуваат светските агенции. Тревогата подоцна беше повлечена, откако се констатираше дека нема опасност од цунами.

Јапонската државна метеоролошка агенција извести дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, и побара од населението брзо да се евакуира. Но, брановите кои стигнале до крајбрежјето биле многу помали од 3 метри, па неодамна Јапонија го повлече предупредувањето, јави Би-Би-Си. Илјадници беа евакуирани, а евидентирани се мали последици.

Во 2011 година, земјотрес и цунами се случи на ова место каде загинаа 18 илјади луѓе. Земјотресот, како еден од најмоќните кои се регистрирани, предизвика уништување на нуклеарната база во Фукушим. Надлежните велат дека овој пат нема оштетување на нуклеарната база.

Нуклеарната централа во Фукушима која беше речиси уништена од големо цунами по земјотресот во 2011 наводно по вчерашниот земјотрес останала без системот за ладење на еден од реакторите, но компанијата која управува со неа соопшти дека нема причина за страв сѐ додека во системот има вода.

Advertisements
To Top