Зголемувањето на пензиите – реален подарок или законска обврска на државата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски вчера на прес-конференција информира дека со линеарното усогласување на пензиите што се примени во 2014, 2015 и 2016 година, близу 300.000 пензионери не го добија реалното зголемување на личната пензија.

Не им се кажува на пензионерите дека со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што ги направија во октомври 2015 година, истите тие ја ставија вон сила законската обврска на државата за усогласување на пензиите двапати во година, на 1 јануари и на 1 јули во годината. Со овие измени се воведе услов усогласувањето на пензиите да се врши еднаш во 2016 година во висина од 5 отсто линеарно за сите корисници на пензија во еднаков износ и тоа со исплата на септемвриската пензија во октомври 2016 година, рече Ташевска – Ременски.

Но, во јули 2016 година, како што рече, го изменија и ова и утврдија дека усогласувањето на пензиите место со септемвриската пензија, ќе се изврши со ноемвриската исплата на пензии во декември 2016 година, што беше претставено како партиски подарок за пензионоерите, а не како законска обврска.

Според неа, пензиите и пензискиот фонд се отворена рана на македонското општество. Таа потенцира дека правото на пензија не е подарок од државата бидејќи пензијата се пресметува од остварените плати на секој осигуреник и остварениот стаж.