Home Актуелно Норвешка го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО на Македонија

Норвешка го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО на Македонија

Првиот човек на македонската дипломатија, Никола Димитров, изрази благодарност до Норвешка за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

На Твитер тој упати благодарност до Парламентот на Норвешка, а на норвешкиот министер за надворешни работи Ериксен Сореиде му порача дека ја очекува неговата посета на Скопје овој месец.

Сореиде претходно на Твитер на МНР на Норвешка објави дека Парламентот на Норвешка го ратификувал протоколот за членство на земјава во НАТО.

„Важен чекор за безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко. Во очекување да ја видиме Северна Македонија како сосед на Норвешка на масата на Северноатлантскиот совет“, напиша тој на Твитер.

Норвешка е 15-та од 29 земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот за членство на Македонија во Алијансата, почнувајќи од 8 февруари 2019 со ратификацијата од Грција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…