Ништо кај него не е обично: Роналдо во Манчестер се појави со „играчка“ вредна богатство (ФОТО)

ronaldo

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо вечерва ќе се врати на „Олд Трафорд“ како играч на Јувентус, токму ова е местото каде што Португалецот блесна, поради вечерашниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус секако е посебен.

Ќе потсетиме, Роналдо од Спортинг пристигна во Манчестер Јунајтед каде што се претстави на фудбалскиот свет и подоцна направи трансфер во Реал Мадрид за 90 милиони евра.

Роналдо на вчерашната прес-конференција на која зборуваше за пвоеќе работи (тука) се појави со дијамантски сет: обетки, часовник и прстен.

Ништо кај Роналдо не е обично, па така ни часовникот. Тој е од компанијата „Jacob&Co Caviar Tourbillon“. Ваквата верзија со дополнителни 424 дијаманти ја има само тој, регуларната верзија е фалеку поефтина, а оваа неговата вреди – два милиони евра.

Роналдо стана амбасадор на споменатата компанија уште во 2013 година. Неодамна се појави со лимитирана верзија на моделот „H24“, вредна околу 115.000 евра.

Но, во Манчестер одлучи да се појави со најскапата играчка.

ronaldo