Николоски ексклузивно открива: Ќе се формира „Македонска платформа“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во синоќешното гостување во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно откри нов вид на политичко обединување наречено „Македонска платформа“ која ќе има за цел зачувување на Република Македонија.

Како што објасни, покрај политичката битка потребно е да има и силна општествена битка од голем број на граѓани кои што ѝ мислат добро на Република Македонија, преку голем број формални и неформални групи на здружување.

„Македонска платформа ќе значи еден нов вид на политичко обединување во Република Македонија, во која што нема да се стандардни познатите коалиции помеѓу една голема и 20-тина помали политички партии, туку тоа е една форма на обединување на сите слободномислечки индивидуи, формални групи во смисла на невладини организации или здруженија на граѓани, неформални групи во смисла збир на луѓе, кои што ѝ мислат добро на Република Македонија, со кои што не мора целосно да се согласуваме за сѐ, но имаме неколку јасни основни принципи и постулати“, вели Николоски.