Ни следува најкритичната фаза од епидемијата на коронавирусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерот за здравство Венко Филипче апелираше дека во Македонија следува најкритичната фаза од епидемијата на корона вирусот и како што рече, цврсто останува на својот став дека празникот Велигден мора да се помине дома и без групирања.

„Граѓаните мора доследно треба да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирусот. Влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смееме да дозволиме овој број дополнително да го оптовариме и да дадеме шанса понатаму, за две недели од сега, заради групирања да се јават нови пациенти“, порача вчера вечер министерот за здравство Венко Филипче.

„Дозволете на крајот да укажам и на некои работи, да изразам став за собирањата на празникот Велигден. Категорично останувам на ставот, дека не смее да има било какво групирање на граѓаните и дека доследно тие треба да се придржуваат до препораките. Влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, меѓутоа ние не смееме да дозволиме овој број дополнително да го оптовариме и да дадеме шанса да понатаму и за две недели од сега, заради овие групирања, да ни се јават нови пациенти во нашата земја. Сите имаме одговорност, оваа форма на групирање воопшто не ја одобрувам, собирања од било каков тип се огромен ризик. И апелирам до граѓаните, ова да го сфатат многу сериозно, да го прослават празникот соодветно на состојбата и да се придржуваат до препораките”, потенцираше министерот Филипче.