Home Актуелно Невработеноста во САД најниска во последните седум години

Невработеноста во САД најниска во последните седум години

Стапката на невработеност во САД за март, падна на 4,5 проценти, најниска во последниве седум години.

Во извештај од Министерството за труд, исто така, стои дека економијата оствари нето добивка од 98.000 работни места за март.

Стапката на невработеност падна за две десетини од процент, изненадувајќи ги повеќето економисти, кои, исто така, предвидуваа поголеми работни добивки.

Иако извештајот покажува дека вкупниот број на невработени Американци се намали за повеќе од 300 илјади, сепак, се уште 7,2 милиони се без работа во САД.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…