Home Спорт НЕВИДЕН ПРЕСВРТ: Губеа 3:0, победија 8:3 и влегоа во историја!

НЕВИДЕН ПРЕСВРТ: Губеа 3:0, победија 8:3 и влегоа во историја!

Убавината на фудбалот е во непредвидливоста, а следниот пат кога некој ќе ви рече дека пресвртот не е можен, потсетете го на овој натпревар.

Во првиот дуел од Копа Либертадорес, Ривер Плата беше поразена до 3:0 од боливискиот Вилстерман, но во реваншот направи вистински подвиг и победи со неверојатни 8:0.

Вистински подвиг приреди и напаѓачот Игнасио Скоко, кој постигна пет погодоци за неполн час игра.

Ривер од самиот почеток тргна жестоко и со хет-трикот на Скоко за само 19 минути ја анулираа негативата, а потоа и го прегазија противникот. Скоко до 58-та минута веќе имаше постигнато 5 погодоци, а му се приклучија и Енцо Перез со два и Игнасио Фернандес со еден погодок за неверојатен резултат од 8:0.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…