Неверојатно: Швајцарските фанови го промашиле градот за мечот со Бразил – грешка од над 1.000 километри


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентацијата на Швајцарија остави одличен впечаток во првото коло на Мундијалот и одигра 1:1 против Бразил, но на швајцарските навивачи им се смее цел свет.

Група швајцарски навивачи стана предмет на исмејување бидејќи го промаши градот. Наместо во Ростов на Дон каде што играа Бразил и Швајцарија, тие отишле во Ростов Велики кој е одалечен 1281 километар од вистинската локација.

Откако не успеале да го најдат хотелот, го побарале операторот за помош во вонредна ситуација, а тој можеше само да им се насмее на нивната ситуација.

„Вие сте во Ростов, но во Ростов Велики. Вашата репрезентација не игра во овој град, туку во Ростов на Дон. Тоа е илјада километри јужно од тука“, им рекол операторот.