Home Спорт НЕВЕРОЈАТНО: Роналдо ќе дебитира за Јуве против Реал Мадрид

НЕВЕРОЈАТНО: Роналдо ќе дебитира за Јуве против Реал Мадрид

Денес е потврден еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот – Кристиано Роналдо после цели 9 години го напушти Реал Мадрид и се пресели во Јувентус.

Јувентус за официјално најдобриот фудбалер на планетата плати 105 милиони евра, а Роналдо ќе потпише 4-годишен договор тежок 120 милиони евра.

Португалецот се очекува во наредните денови да пристигне во Торино, а официјалната презентација е закажана за понеделник.

Она што е интересно е што Роналдо најверојатно ќе дебитира против Реал Мадрид во дресот на Јувентус.

Имено, овие два клуба ќе се сретнат на 4-ти август во Америка на пријателски меч во склоп на „International Champions Cup“.

Ќе биде интересно да се гледа Роналдо против „својот“ Реал Мадрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…