Нетранспарентност: Владата ја крие професионалната биографија од директорот на Агенција за лекови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Образложението од генсекот на Владата за одбивањето транспарентно да се достави професионалната биографија на Роберт Бекироски, кој е директор на Агенцијата за лекови вели дека тоа би било повреда на заштитата на личните податоци.

Владата ја крие професионалната биографија на директорот на Агенцијата за лекови, Роберт Бекироски. Од таму сметаат дека тоа е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци и дека „со објавувањето, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата“, пренесува Нова ТВ.

Ова е дел од одговорот на официјално Барање за слободен пристап на информации кое НОВА го испрати до Владата, а беше одбиено од Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Во недостиг на официјални и јавно достапни податоци, НОВА побарала од Владата одговор на кој Факултет и кога дипломирал Бекироски, каква после-дипломаска едукација има и кога ја завршил, дали специјализирал и кога, дали е магистер по фармација, (звање со кое се стекнува со 300 ЕКСТ на Факултетот по фармација со 5 години студии ) или има магистериум, дали докторирал и кога.

„Со оглед дека побараната информација претставува личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија одлучи како во диспозитивот на ова Решение и постапи согласно член 26 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој гласи : „Имателот на информацијата може во целост или делумно да ro одбие барањето, ако утврди дека бараната информација е информација од член 6 став (1), од овој закон (информација која врз основа на закон претставува личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци)“, стои во образложението кое како одговор го доставиле од Владата до медиумот.

Комплетната вест можете да ја прочитате ТУКА.