Home Актуелно Нервозен Американец нашлакал тројца полицајци во полициска станица во скопска Кисела Вода

Нервозен Американец нашлакал тројца полицајци во полициска станица во скопска Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД, кој, откако бил приведен во полициска станица, нападнал тројца полицајци со боксови.

Утринава странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир. Додека влегувал во ходникот на станицата, започнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот. Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со насилното однесување, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со бокс по лицето, нанесувајќи му телесни повреди. Во тој момент уште двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив започнал да ги удира со боксови, нанесувајќи им телесни повреди. По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот.

Бидејќи во конкретниот случај не постои друга можност за обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. ​​

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…