Home Живот и здравје Непроспиените ноќи кај мажите го зголемуваат ризикот од Алцхајмерова болест

Непроспиените ноќи кај мажите го зголемуваат ризикот од Алцхајмерова болест

Резултатите кои беа добиени од една студија посветена на овој проблем укажуваат на тоа дека дури и една непроспиена ноќ кај здравите мажи го зголемила присуството на протеинот тау во нивната крв, во споредба со една цела ноќ непрекинато спиење.

Студијата покажала дека зголеменото ниво на овој протеин е поврзано со зголемениот ризик од појавата на Алцхајмеровата болест, пишува Си-Ен-Ен.

„Нашата истражувачка студија покажува дека дури и кај младите, здрави поединци, пропуштањето да се преспие една ноќ го зголемува нивото на протеинот тау во крвта, што наведува на заклучок дека со текот на времето ускратувањето на сонот може да доведе до штетни ефекти“ – предупредува авторот на студијата, познат невролог од универзитетот во Упсала, Шведска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дланката открива дали ќе се мажите и дали имате среќа!

Сѐ уште не ја најдовте љубовта на вашиот живот? Погледнете во десниот длан и откријте што …