Home Спорт Фернандеш ќе игра против Бенфика, а следниот ден ќе биде на „Енфилд“ за дербито со Ливерпул

Фернандеш ќе игра против Бенфика, а следниот ден ќе биде на „Енфилд“ за дербито со Ливерпул

Бруно Фернандеш ќе го одигра последниот меч за Спортинг Лисабон во градското дерби против Бенфика, пренесуваат португалските медиуми.

Дербито на Лисабон се игра во петок, а веројатно уште следниот ден Фернандеш ќе патува во Англија каде ќе биде на трибините на „Енфилд“ за големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кое се игра во недела.

Договорот е постигнат, „црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе платат 50 милиони фунти, плус 10 милиони во форма на бонуси. „Рекорд“ тврди дека во зделката нема да бидат вклучени играчи на Манчестер Јунајтед.

Во последните денови се тврдеше дека како дел од договорот би можеле Маркос Рохо и Андреас Переира да се преселат во Лисабон.
Фернандеш веќе ги договори личните услови со Јунајтед и на „Олд Трафорд“ ќе заработува 6 милиони фунти по сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…