Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Квалитетот на спиењето и на сонот може да се поправи со едноставно отворање на прозор или врата пред да си легнете, покажува новото истражување поврзано со овој феномен.
Оваа пракса го подобрува квалитетот на воздухот во спалната соба и го редуцира нивото на јаглерод диоксид. Кога воздухот во просторијата е свеж, луѓето имаат подобар сон, помалку се будат ноќе и подобро и поодморено се чувствуваат другиот ден.
„Во експериментите се покажа дека, кога има подобар квалитет на воздухот во спалната соба, испитаниците известиле дека спалната соба била посвежа, квалитетот на спиењето бил подобрен, одговорите на Гронингеновите мерки за квалитет на спиењето биле подобри, субјектите утредента се чувствувале подобро, помалку биле поспани и биле поспособни и поконцентрирани. Подобро ги решиле и логичките тестови“, стои во известувањето од студијата.
Во рамки на експериментот, свежиот воздух е постигнат најпрвин со проветрување со отворен прозор, а потоа и со помош на посебен вентилатор. Секако, отворањето на прозорот не е секогаш можно поради загадениот воздух и термичка заштита. Во тој случај, вентилацијата може да има драматичен ефект на квалитетот на воздухот и на спиењето, пишува Psy Blog.
„Нема сомнеж дека и двете интервенции го подобриле квалитетот на воздухот во спалната соба – ефикасната брзина на достава на воздух од надвор била поголема за фактор од најмалку 10 пати ако прозорот е отворен и за фактор од најмалку 4 пати ако вентилаторот е вклучен, кога концентрацијата на CO2 била над 900 ppm“, вели извештајот на авторите.