Нема веќе инстант блокада на сметките од граѓаните – стапија на сила измените за извршители


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нема веќе блокада на сметка без опомена за долгот. Од 1 јануари стапија на сила измените во законот за извршување, според кои граѓаните прво ќе бидат известени дека имаат неплатени сметки за струја, вода,  парно, телефон и комуналии.

Ако платат во рок од 15 работни дена, ќе бидат ослободени од  високите трошоци  за нотари, адвокати, блокада и деблокада на сметка во банка.

Со новите законски измени ќе бидат опфатени граѓаните кои имаат долгови за телефон, кабелска и одржување  на зграда  до 2,000 денари,  додека пак за струја, парно и  вода  до 6,000 денари, на овој начин граќаните нема да плаќаат огромни суми, кои достигнуваат до 60 – 70% од вкупниот долг, изјавиja од Комора на извршители.