Нема одиграно ниту минута за Јувентус, а европските гиганти за него нудат 40 милиони


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус минатото лето го купи Матија Калдара како еден од најголемите италијански таленти, а дефанзивецот остана една сезона на позајмица во Аталанта.

Калдара пред неколку дена пристигна во Торини и официјално беше претставен како ново засилување на Јувентус, но веќе има богати понуди од други клубови.

Имено, за 24-годишниот стопер веќе пристигнаа три понуди. Првата е од Челзи во висина од 30 милиони евра, но експресно беше одбиена. Дортмунд понуди 5 милиони евра повеќе, а ПСЖ понуди 40 милиони евра.

Јувентус Калдара го плати 25 милиони евра и без да одигра ниту една минута за „бјанконерите“ можат да заработат на неговата продажба цели 15 милиони евра. Тоа е доказ за одличната трансфер политика на „старата дама“.

Сепак, раководството на Јувентус ги одби сите понуди и во Калдара гледа идеална замена за Ругани кој е пред трансфер во Челзи.