Нема мир во Шпанија, обвинение против нов „крал“ – Затајувал данок заедно со својата сопруга!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скандалите со неплаќање данок овие денови ја тресат Шпанија, а посебно на удар се фудбалерите на Реал Мадрид.

Откако во текот на вчерашниот ден Бразилецот Марсело ја призна вината и плати казна од скоро 500.000 евра, денес медиуми оваа земја тврдат дека нов предмет на истрага е хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

Како што пренесуваат медиумите во оваа држава Модриќ се обвинува дека затајувал данок во периодот помеѓу 2013 и 2014 година и ја оштетил шпанската држава за 870.000 евра, пишува Спортски.мк.

Сепак, висината на износот не е потврдена и тој би можел да биде и поголем. Откриено е дека ѕвездата на Реал Мадрид имал тајни сметки надвор од државата.

Освен против Модриќ, обвинение е започнато и против неговата сопруга и која има приватна фирма која е основана во Луксембург и на која Реал и исплатил 1.6 милиони евра помеѓу 2013 и 2014 година како надоместок за користење на маркетиншките права.