Home Актуелно Нема договор меѓу Македонија и Косово за меѓусебниот трговски спорт

Нема договор меѓу Македонија и Косово за меѓусебниот трговски спорт

Трговските забрани за храна ќе се отстранат кога двете држави ќе ги исполнат потребните обврски – ова беше договорено меѓу Бектеши и Шала во врска со трговскиот спор кој го водат Македонија и Косово.

Македонската агенција за храна очекува од косовската агенција за храна до петок да и достави извештај од спроведената програма за следење на икрата и материјал за порибување од Косово.

Ваква мерка за забрана за увоз на икра, според министрот Крешник Бектеши не е преземена само за Косово, туку и за сите останати земји кои не го спороведуваат потребниот мониторинг на рибните производи.

И според првиот човек на АХВ Зоран Атанасов , во моментот кога ќе се испрати целосна документација забраните е бидат тргнати.

Според податоците од земјава во Косово годишно се извезува 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредност од околу 400.000 евра годишно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…