Home Спорт Нејмар сака да се врати во Барса – ПСЖ бара 400 милиони

Нејмар сака да се врати во Барса – ПСЖ бара 400 милиони

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар признал дека направил грешка кога минатото лето реши да ја напушти Барселона и да се пресели во Париз.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Бразилецот разговарал со пријателите од „Камп Ноу“, како и со раководството на Каталонците и изразил желба да се врати. Нејмар признал дека бил искушуван од финансиската моќ на „светците“ и погрешил во проценката дека треба да ја напушти Барселона и да се пресели во француското првенство.

Според „Мундо Депортиво“ овие разговори биле водени пред натпреварите со Реал Мадрид во ЛШ и пред неговата повереда.

Меѓутоа, Барселона во овој момент не размислува за враќање на Бразилецот, особено поради фактот фудбалерот го туж каталонскиот клуб за неисплатен бонус од 30 милиони евра. Многу луѓе во клубот се наведени од одност на Нејмар кон Барса минатото лето, но „Мундо Депортиво“ тврди дека тоа може да се промени во 2019 година.

Мадридскиот весник „АС“ пак тврди дека сопствениците на ПСЖ веќе ја поставиле цена од 400 милиони евра за Нејмар, кој е трансфер цел на Реал Мадрид.

Весникот тврди дека уште пред неколку недели преставници на „кралскиот“ клуб разговарале со таткото на Нејмар со цел да дознаат дали Бразилецот сака да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…